Трчање за филантропија: Собирање на средства и подигнување на свеста преку учество во трки

На нашиов блог постојано истакнуваме дека постои цел спектар на филантропски активности: можете да огранизирате големи настани како би собрале средства за одредена цел, или пак преку мали добротворни акции да направите голема промена во животот на луѓето. Во ова издание, ќе се осврнеме на тоа како можете да искористите еден од тие големи настани – добротворна трка, како настан преку кој можете да обезбедите поддшка за целите за кои работите и се грижите.

Сите ја разбираме целта на добротворната трка. Во најголем број од случаите, донирате извесна сума на пари за да учествувате во трката иако не морате да трчате! Можете да се опуштите, да уживате во денот и да одите наместо да трчате. Убавината е во тоа што можете да бидете активни, да излезете на чист воздух и патем да придонесете за нешто добро, без разлика дали планирате да трчате или да ја поминете патеката одејќи.

Должината на овие трки е различна – од 5 километри (позната како 5к) до целосен маратон. Некои од настаните се организираат со цел да се собираат донации, додека на останатите се плаќа само котизација за учество, со можност да дел од средствата кои ги давате на организаторот да се искористат за одредена цел или за поддршка на некое здружение. Постојат буквално еден тон различни модели, кога станува збор за организирање на трка.

http://www.catalystbalkans.org/sr/news/2071/rijeka-tower-center-sport-festival

http://www.catalystbalkans.org/sr/news/2071/rijeka-tower-center-sport-festival

Постојат добротворни трки со мешавина со разновидни активности како на пр. Rijeka Shopping Tower каде беа искомбинирани неколку разновидни настани со неколку трки. Котизациите за учество во настанот беа донирани на локалната детска болница. Постојат исто така големи мрежи на трки од глобални размери. Во Задар се организираше Wings for Life World Run трета година по ред. Шест илјади учесници (да, 6к!) од Хрватска трчаа, придружувајќи им се на преку 130.000 луѓе од преку 200 земји. Вкупниот број на претрчани километри, земајќи ги в предвид учесниците ширум светот изнесуваше 1.255.000 км! Оргаинзацијата Wings For Life ги поддржува истражувањата за лек за повредите на ‘рбетот.

Дури и да не сакате целосно да учествувате во трката, можете да ги спонзорирате тркачите или да ги поттикнете компаниите со кои соработувате да ги поддржат за добра цел. Борислав Буќан трчаше на Белградскиот ултрамаратон во Септември и собираше средства за средношколката Теодора Милиќ на која и беше потребен медицински третман за ретка форма на леукемија. За секој претрчан километар, неговите спонзори се согласија да донираат минимум 100 RSD за третманот на Теодора.

 

 

Сега, откако ги дознавте различните начини за организирање на трки, можеме да се осврнеме на тоа како би можеле вие самите да организирате една!

НА ВАШИТЕ ПОЗИЦИИ! ПОДГОТВИ СЕ! СЕГААААА!
Race Entry дава мошне добар преглед за тоа како можете да организирате трка. Иако не се фокусираат на трка во добротворни цели, нивните совети дефинитивно можат да се искористат, секако со додавање на малку филантропија во смешата. Очегледно, организирањето на трка не претставува лесен потфат. Разгледајте го нивниот водич кој ќе ви послужи како потсетник за да не пропуштите нешто при планирањето на трката. Ова вклучува планирање на патеката, давање на име на трката, обезбедување на дозволи од надлежните институции, обезбедување на рехидратациони пунктови, чистење на патеката по трката и многу повеќе.

Алисон Гаус, која пишува за Classy, оди малку подалеку кога станува збор за совети за организирање на трка – таа дава 9-неделен план за подготовка на трката. Таа советува дека најдобро е да започнете делејќи ја организацијата на помали делови. Гаус ги дели задачите за деветте недели на три групи: Администрација, Спонзори и материјални средства и Промоција и регрутирање. Може да се каже дека најдобро е да назначи тим кој ќе биде одговорен за реализација на задачите во секоја од групите, но и дека треба да се воспостави солидна комуникација и соработка меѓу тимовите. Општо земено, Гаус сугерира дека е најдобро да се оди чекор по чекор за да бидете сигурни дека ќе организирате продуктивна и безбедна трка.

Како заклучок можеме да кажеме дека добротворните трки можат да бидат одличен начин за ангажирање на заедницата и за прибирање на средства. Исто така постојат и илјадници различни начини за нивна организација, што ги прави мошне прилагодливи за реализација на вашата цел или потребите на организацаијата. Не може да се занемари ни заедништвото – волонтери, тркачи, пешаци и оние кои доаѓаат да ги бодрат – сите ги спојува целта заради која се реализира трката.

Сте организирале ли добротворна трка? Или сте учествувале во некоја? Раскажете ни во коментарите!

About author

client-photo-1

Alex Cooper

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published.